Актуелно

Внимание возачи: Денеска стартува тестирањето на сообраќајните камери

Министерството за внатрешни работи денеска започнува со тестирање, калибрација и верификација на уредите за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, активностите ќе се спроведуваат во периодот од денеска до 31 јануари, секој ден од 08:00 до 20:00 часот.

Во текот на тестирањето, на локациите каде што се поставени камерите, возилата нема да бидат пропуштани додека трае постапката, што може да предизвика привремени застои во сообраќајот.

Во првата недела од предвидениот период, тестирањата ќе се одвиваат исклучиво на подрачјето на Скопје, на локациите каде што веќе се инсталирани камерите за сообраќаен надзор.

Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат трпение и разбирање со цел непречено и безбедно спроведување на активностите.

Проектот „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и поефикасна контрола на прекршоците преку современ систем за видео-надзор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons