МакедонијаНајново

ВМРО-ДПМНЕ: Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче е во државна администрација, вклучително и самиот Венко, тие ја наполнија државната управа со партиски кадри 

СДС, која под водство на Зоран Заев се претвори во клановска дружина, сега има дрскост да зборува за стандарди.

Партијата која ја зароби државата со корупција и непотизам, сега се обидува да ни држи лекции за морал и етика.

Наместо да се соочат со сопствените неуспеси и да понудат решенија, тие продолжуваат со празни зборови и обвинувања.

Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче работи во државна администрација, вклучително и самиот Венко. Дали тоа не е партизација која СДС ја направи?

СДС ја измисли партизацијата, преку роднините на Љупчо Николовски, Благој Бочварски и други кои ја наполнија државната администрација.

7 години клуч за вработување во државна администрација беше партиската книшка на СДС и роднинските врски со некој функционер. Сега тоа се смени, и СДС не може да вработува по партиски клуч, администрацијата е достапна за сите граѓани.

СДС се лицемерни, затоа што ја користеа власта за целосно запоседнување на институциите, а сега инсинуираат.

Граѓаните веќе ја препознаа нивната неспособност и ги казнија на изборите.

Време е СДС да престане со манипулации и да се повлече од политичката сцена, оставајќи простор за оние кои навистина се грижат за доброто на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons