МакедонијаПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот 

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти. 

Или Филипче само потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот.

Аврамовска Мадиќ, не може да биде новото лице на СДС. Истата таа, ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ.

Потрчкото на Заев, Филипче е само една обична марионета, која слепо ги следи наредбите на Зоран Заев, само за да не одговараат пред надлежните институции.

Сегашното раководство на марионетата на Заев, лица од третиот и четвртиот ешалон во СДС, се лица кои се деца на Заев, израснати во СДС и одработуваат за нивниот лидер. 

Поради нив, Македонија седум години тонеше на економско, културно, здравствено и секое друго општествено поле. Тие се виновници за лошата инфраструктура, тендерите во здравството и обезличувањето на македонскиот народ. 

Ова е убедливо најлошиот избор во раководството на портчкото на Заев, бидејќи и самиот тој Филипче, не верува во луѓето што ги постави да бидат до него.

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЗА МАГАЗИНОТ 360 НА МТВ02.12.2024

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons