ВМРО-ДПМНЕ: Успшешниот попис на СДСМ се 132 илјади непопишани Македонци
Успешниот попис на СДСМ се 132 илјади непопишани Македонци, 200 илјади раселени и нераспознавање кои се христијани и православни, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ на која беше оценето дека пописот е успешен и е во согласност со стандардите на Евростат.
„Пописот е некомплетен. И како таков не дава целосна слика за популацијата. ВМРО-ДПМНЕ со таа цел по преземањето на власта ќе спроведе електронски попис, кој ќе биде целосен. Пописот единствено што покажува е тоа дека сѐ повеќе народ си заминува, а со лошите политики на власта тоа само ќе продолжи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ..