ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица
Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила.
На улица каде вечерва решија да ги бранат работничките права и да бараат повисоки плати едвај собраа околу 1000 лица.
Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договараат. Истите тие одбија 40 проценти покачување на платите во рок од две години.
Истите тие, или СДС, Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати кое јасно им беше понудено.
Нивниот тн. лидер Слободан Трендафилов што знае како е да се живее со минимална плата кога зема 3-4 минимални плати.
Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери веќе се јасни. Тие само глумат грижат за работниците, нивните плати, нивниот стандард на живот.
ВМРО-ДПМНЕ доследно и постојано се грижи за стандардот на живот на секој еден граѓанин.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



