МакедонијаПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е заробена во минатото, слоганот од Шарената револуција „нема правда нема мир“ го заменија со „правдата избега“ доказ зошто се на ниво на невладина а рејтингот 5 спрема 1, и покрај  обединувањето на двете крила тоа на Заев, Фондација Заев и на Фани Фондација Сорос  

СДС наместо смислуваат приказни и нон сенс соопштенија, кои се неболузни и надвор од здравиот разум подобро би било да се позанимаваат со причините зошто ги снема на политичката мапа и рејтингот им е 5 спрема 1 во анкетите. 

Разбирлива е реакцијата на СДС, бидејќи самите си го опишаа почетоткот и крајот на владеењето СДС-ДУИ, па досетливиот режисер го преименува слоганот од „нема правда, нема мир во „правдата избега“. 

СДС знаат дека правдата им избега затоа што сите знаеа, молчеа и дозволија криминалните шеми како онаа на Груби за Лотарија да функционират. 

СДС знаат дека правдата им  избега кога наместо да го санкционираат криминалот корупцијата и криминалните тендери дозволија тие да навлезат во секоја пора во општеството.  

СДС ја заборавија правдата и владеењето на правото бидејќи за да се задржат ден повеќе на власт дозволија да бидат соучесници во криминалот. 

СДС и ДУИ се партнери во криминалот. СДС беше само асистент на Груби и се им беше дозволено бидејќи тоа им беше неопходно за не падне владата  и опстане коалицијата а со тоа и криминалните шеми. 

Во СДС ништо не се менува, на СДС веќе никој не им верува а за тоа доказ е рејтингот кој тоне и е 5 спрема 1, и  СДС се сведе на ниво на невладина организација која само ги спои двете крила, едното на Заев, Фондација Заев и другото на Фани и Фондација Сорос. 

Време е СДС да се освести и консолидира. 

Време е за одговорност и посветеност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons