ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина во Собранието.
Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието.
Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание.
Ете толку треба да знаете за лицемерието на СДС. Пред камери едно, зад нив друго.
Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ја затвораме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



