МакедонијаНајновоПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот протест покажа дека е само една заедничка парада на СДС и ССМ со која ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати

СДС и ССМ денес покажаа на дело дека се едно.

Во текот на денешниот протест низ улиците се гледаат лица со промотивен материјал и обележја на СДС, лица кои носат маици со натпис СДС. 

Ова е само доказ за нашите пресови. Пресови во кои информиравме дека ова не е борба за работнички права на Синдикатот. Пресови во кои укажувавме дека ова е организирана  активност на СДС и ССМ под превезот дека се бараат повисоки плати. Ова е само една лага на СДС и ССМ. 

Ова е доказ и на нашите информации според кои луѓе се носени за протести и од други градови, а истите се организирани од локални штабови на СДС. 

Денешниот протест покажа дека е само една парада со која СДС и ССМ  ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons