Влада: Историски најдобар оперативен план – Практикантство за 1.352 млади лица до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.
Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование.
Оваа е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд кои подоцна истите ќе добијат шанса за вработување, додека пак стопанството ќе добие соодветен кадар.
Воедно, Оперативниот план предвидува и младинскиот додаток за 3.500 млади до 23 години во вредност од 3.000 денари месечно по вработено лице кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Целта на оваа мерка е зајакнување на капацитетите на стопанството како и поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството.
Граѓаните го добија историски најдобриот оперативен план за вработување за 2025 година вреден 40 милиони евра кој опфаќа над 16.000 граѓани во кој се вклучени млади, невработени лица и лица од социјално ранливите категории.
За раст, развој и економски просперитет потребни се добро креирани и платени работни места кои ќе значат подобар животен стандард за сите граѓани подеднакво.
Со ова покажуваме дека Македонија може и мора да се менува на подобро.
Владата продолжува да го исполнува она коешто го вети и се обврза.
Државата е на патот на промените.