Македонија

ВЛАДА: Град Скопје ќе добие на заем дел од државните нафтени резерви

Од Владата велат дека утврдена е кризна состојба со јавниот превоз, а Град Скопје ќе добие на заем дел од државните нафтени резерви.

„Денес, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај“, информираат од владата.

Како што велат од Владата, се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.Претходно од Бирото за јавни набавки информираа дека управната контрола увидела дека ЈСП – Скопје избрало неприфатлива понуда за најповолна при набавката на горивото еуродизел. Оттаму посочија дека понудата, која била и единствена поднесена во постапката, не исполнува услов што самиот ЈСП го навел во тендерската документација.
Од Јавното обвинителство соопштија дека се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.
Партиите бараат оставка од градоначалничката Данела Арсовска. Граѓаните се револтирани затоа што самите мораат да се снаоѓаат како да стигнат на работа или на училиште. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons