Актуелно

Владата ќе отповика девет амбасадори – назначени нови дипломати

Владата именуваше уште тројца вонредни амбасадори и тоа Андријана Цветковиќ во Јапонија, Драган Ѓурчевски во Хрватска и Димитар Блажевски во Украина. Претходно беше соопштено дека досегашниот надворешник советник за реформи во здравство, нефролoгот Игор Николов ќе биде испратен како амбасадор во Франција.

Драган Ѓурчевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во владата на Груевски и имаше партиски ангажман во ВМРО-ДПМНЕ. Бил и дипломатски претставник на државата.

Андријана Цветковиќ беше прва амбасадорка во Јапонија назначена во 2014 година. Има докторирано филмска уметност во Јапонија, а беше и член на жирито и програмски координатор на филмскиот фестивал во Токио.

Димитар Блажевски ќе го пополни испразнетото место во амбасадата во Киев, среде почетокот на разрешницата на војната во таа држава по руската агресија.

Од владата велат дека во исто време владата покрена иницијатива за отповикување на уште девет амбасадори – Светлана Гелевева од вонреден и постојан претставник при Советот на Европа, Јакуп Реџепи од вонреден амбасадор во Босна и Херцеговина, Џенк Сејфула од Шведска, Методија Белевски од Белгија кој е и вонреден амбасадор за Луксембург како нерезидентен Амбасадор; потоа Агнеса Руси Поповска од Бугарија, Емил Крстевски од Чешка, Пајо Авировиќ од вонреден амбасадор и шеф на постојната мисија при меѓународните организации, Зеќир Рамчиловиќ од Црна Гора и Катерина Ставревска од вонреден амбасадор во Обединето Кралство.

Станува збор за амбасадори кои своевремено не ги бранеа тезите пред собраниската комисија за надворешна политика, затоа што Антонио Милошоски кој во тоа време беше претседател на комисијата одбиваше да закаже седница. Потоа со автентично толкување на законот, собранието протолкува дека тогашниот претседател не смеел да го потпише указот за нивно испраќање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons