Македонија

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси

Владата информираше дека на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.

„Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа“, потенцираат од Влада.

Од владата додаваат дека набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons