Актуелно

Владата предвидува сет мерки за соочување со падот на наталитетот, вклучувајќи и бесплатни ин витро процедури 

Фертилитетната рецесија во Македонија трае повеќе од десет години и се одразува со пад на наталитетот.

Време е да се препознае овој предизвик, со цел да се бараат решенија кои ќе ја вратат надежта на Македонија.

Во 2016 година, Македонија броеше 23.000 новородени деца, а во 2024 година само 16.737. 

Тоа значи дека во 2024 година се родиле околу 9.000 деца помалку, што изнесува пад од 30% за само 8 години.

Ова не е само статистика, ова е факт.

Ова не е проблем само за идните генерации. Ова е проблем кој се случува сега во моментов.

За статистиките на морталитет пак, може да се каже дека се уште попоразителни. Со оглед на тоа што починале 20.187 луѓе во 2024 година.

Ова значи дека во 2024 година поголем е бројот на луѓе што починале, изнесува  3.500, отколку луѓе што се родиле.

Ако се погледне ситуацијата од 1950 година, каде стапката на фертилитет била 5.7, денес е едвај 1.5.

За обнова на населението потребен е минимум 2.1, а Македонија се наоѓа под тој праг.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, предвидува сет мерки, за да се соочи со овој демографски предизвик.

Се предвидуваат шест бесплатни ин витро процедури, како и финансиска стимулација за прво и второ дете.

Исто така,  се предвидува ослободување од персонален данок на доход за мајките, како една година за прво дете, две за второ, а за трето и повеќе секоја година да биде ослободена, се додека првото дете не стане полнолетно.

Многу од државите во светот веќе воведуваат мерки, ги мобилизираат своите економии, и ги менуваат политиките и наративите за семејството.

Време е и Македонија да направи чекор напред.

Време е за вистинска дебата. Мора да се зборува јавно за ова и да не се бега од проблемот. 

И не само како политичка тема туку како приоритет. 

Со поддршка на младите, со подобри услови за родителите и со јасни политики што се од вистинска помош.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons