МакедонијаНајново

Владата и банките се договорија за унгарскиот кредит

Владата и банките по неколку недели преговори постигнаа договор отколку начинот на отплата на кредитот од Унгарија, кој се очекува да го придвижи стопанството. Средствата од кредитната линија, наменета за инвестирање и развој на приватни трговски друштва, ќе можат да се земат под неколку услови. Минимален износ по корисник е до 10 милиони евра, а рокот на отплата е до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот.

Кредитот ќе се отплаќа по фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување и со сопствено учество на корисниците од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.

Извор: DW

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons