Владата ги објави платите на премиерот и министрите
Со цел поголема транспартентост Владата ги објави платите на премиерот Христијан Мицкоски и министрите. Овој податок како што објавуваат од Владата е јавен и е достапен за сите граѓани.
Премиерот Мицкоски од јавно достапните податоци заработува 140450 денари, додека сите министри заработуваат подеднакво исто по 115540 денари со исклучок на министерот Панче Тошковски на кој му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.