Владата бара кираџии за ниви во државна сопственост
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Првиот повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделски парцели во државна сопственост поголеми од три хектари
Другите четири јавни повици се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на парцели во државна сопственост со големина до три хектари, во различни региони и катастарски општини.
Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
.