Вистински студ на последниот ден од зимата, измерена температура од -13 степени утрово во земјава
Македонија утрово се разбуди во студ, на последниот ден од зимата. На Попова Шапка утрово беа измерени неверојатни -13 степени. Во Крушево и Маврово беше -10 степени, додека во Берово, Битола и Претор -7.
Тетово -6, Скопје, Крива Паланка, Прилеп, Охрид -5. Најтопло беше во Гевгелија каде беа измерени нула степени.
Во Крушево има пет сантиметри снежна покривка.
Времето денеска претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.