МагазинНајново

Викендов ќе имаме вистинско лето: Стабилно со температури до 30 степени! 

Викендов територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува  и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.

И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје  и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons