(ВИДЕО) Хаос на северот на Косово: Запален полициски автомобил – Вучиќ ја испрати српската војска на границата и ја крена борбената готовност на највисок степен
Припадници на косовската полиција денеска пред пладне ги опколија зградите на општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се огласија сирените за тревога.
Сирените за тревога се огласија и во Северна Митровица. Во Лепосавиќ нема сигнал од мобилниот телефон.
Во Звечани е фрлена шок бомба врз насобраните, се слушаат рафали од истрели. Од едната страна на улицата што води до општинската зграда во Лепосавиќ, како пречка е поставен камион. Зад камионот има оклопно возило на косовската полиција и едно за кршење барикади
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, издаде наредба за зголемена борбена готовност поради ситуацијата на северот на Косово и Метохија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди големо придвижување на српската војска кон административната линија
Исто така, тој побара од НАТО итно да престане со насилството врз Србите.
https://fb.watch/kMrdTKwiaT/?mibextid=DDXixF