ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Студентски пленум по теркот на Србија? Снимки од Зум-обуки откриваат координирана стратегија за дестабилизација
Позагрижувачко е тоа што на снимките директно се зборува за применување на т.н. српско сценарио во Македонија – модел кој ја турна Србија во сериозна институционална, политичка и економска нестабилност. Целта, според анализите, не е вистинска правда и сочувство, туку политичка деструкција. Сакаат да ја искористат ситуацијата и трагедијата, и да ја вовлечат Македонија во сценарио кое ќе ја парализира државата институционално, ќе ја ослаби економски и ќе го разниша демократскиот поредок. ВИДЕО
Во јавноста протекоа видео-снимки од онлајн сесија преку платформата „Зум“, кои укажуваат на сериозен обид за политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани.
Станува збор за координирани обуки, во кои учествуваат граѓани од Македонија, како и обучувачи и активисти од Србија, каде веќе подолг период се одвиваат протести и улични движења со дестабилизирачки карактер. На снимките се слушаат совети за тоа како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционален дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки.
Особено загрижувачки е фактот дека во еден дел од разговорите, српскиот обучувач користи неприфатлива и навредлива терминологија за албанската заедница со терминот „Шиптари“, што претставува говор на омраза и дополнително го потврдува деструктивниот пристап кон мултиетничкиот соживот во Македонија.
На снимките се слушаат совети за тоа како да се иницира „спонтан“ протест, да се креира привид на автентично студентско незадоволство, да се избегне секој институционален контакт и да се манипулираат социјалните мрежи преку лажни профили и анонимни организатори. ВИДЕО
„Јас лично сум од партија, мене ми е ова да успее, ако треба ќе се повлечам,“ вели едно лице.
„Блокирајте улици, тоа ќе изгледа како знак на жалост“, предлага друг.
„Треба да смениме идентитет, да тргнеме постови и да имаме 3-4 барања за да изгледаме пореални,“ се слуша во снимката.
https://www.facebook.com/share/v/14Pv8iv15a/?mibextid=wwXIfr