(Видео) Силно невреме во Скопје: Грмотевици, откорнати дрвја, дожд и ветер
Невреме проследено со силен ветер, грмотевици и дожд го зафати Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираа за паднати дрвја во близина на транспортниот центар, на улицата Симеон Кавракиров.


УХМР претхдно најави дека попладне и во вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите прогнозираа дека локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во понеделник.
