Македонија

(ВИДЕО) Полицијата потврди: Mакедонецот убиен поради секс со малолетникот – го убил уште во саботата, го ограбил па си купувал гардероба 

Полицијата и Обвинителството во Бургас потврдија дека педофилија е причина за убиството на 50 годишниот македонец Игор Николовски во Сончев брег, но малолетникот може да одговара и за убиство со цел стекнување имотна корист – бидејќи откако го убил и го ограбил македонецот, му зел 1800 лева и си купувал гардероба.

Малолетникот имал криминално досие и претходно и според медиумите и минатата есен претепал со дрвен колец украински државјанин и му го украл златниот накит.

Комесарот Калојан Калојанов и обвинителот Иван Кирков ги споделија деталите за тешкото кривично дело извршено во одморалиштето од страна на 14-годишниот Михаил.

На новинарите им појаснија дека двајцата имале договорено дента да имаат сексуални односи, а претходно не се познавале. Полицијата се сомнева дека убиството било извршено пред неколку дена, односно минатата сабота, бидејќи во вторникот наутро внук на сега убиениот македонец го пријавил за исчезнат и кажал дека го нема од саботата.

Тие двајцата заедно биле дојдени за сезонска работа во текот на летната сезона.

Денеска започнала поопсежна потрага и полицијата испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камери, и на снимките виделе дека Игор се движи со малолетно лице за кое подоцна утрдиле дека станува збор за 14-годишниот Михаил Н. Го пронашле и одвеле на распит во РУ-Несебар. Додека траел разговорот со него добиле порака за пронајдено мртво тело за кое се утврдило дека е на исчезнатиот Игор.

„Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден. Тогаш се сретнале за да имаат договорен сексуален однос. Заминале во шумичката во областа „Бчвата“. Но според кажувањата Мишо се предомислил и се отргнал, но 50 годишниот Игор се налутил и го повлекол, во тој момент малолетникот зел дрвен колец и почнал да го удира по главата 50-годишниот Македонец. Го убил со неколку удари. Откако го убил му ги земал парите што ги имал кај него –  1800 лева. Со нив отплатил залог кој го имал во заложна куќа во Сончев брег, но си купувал и гардероба, објасни директорот на ОДМВР-Бургас.

https://www.facebook.com/FlagmanNews/videos/180875121531367/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons