(Видео) Ова е геноцид! На повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро, извести Стефковски
Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски објави дека вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро.
– Ова е геноцид. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен! Се очекува да има прекин и на електричната енергија, предупреди тој на својот фејсбук профил споделувајќи видео од страшниот пожар.
https://www.facebook.com/share/v/1CQRcGqood/?mibextid=wwXIfr