ВИДЕО: Нови тензии во Собранието, Апасиев и Костовски од СДСМ на работ на тепачка
За време на собраниската седница за францускиот предлог, која денеска повеќепати беше на работ на хаос во законодавниот дом, вечерва се случи уште една тензична ситуација, која лесно можеше да ескалира во физичка пресметка меѓу пратениците Димитар Апасиев од Левица и Мартин Костовски од СДСМ.
На снимката од инцидентот се гледа како Костовски го допре Апасиев кога овој поминуваше покрај него, по што други пратеници мораа да интервенираат за да спречат тепачка меѓу колегите.
Снимка од инцидентот од друг агол може да погледнете на овој линк.