(ВИДЕО) Напаѓачот на Трамп снимен 

Еј-би-си њуз наведува, дека лицето што отворило оган на митингот на Доналд Трамп, убивајќи едно лице и ранувајќи две други, пукал од покрив и употребил полуавтоматска пушка.

Испукал дури осум куршуми од пушка во АР-стил додека седел на покривот до местото на одржување, рекле извори за Еј-би-си. Според нивните извори, во моментот на пукањето убиецот бил оддалечен 200-300 метри.

Извор на Си-ен-ен, пак, наведува дека напаѓачот пукал од покривот на блиската зграда. Зградата се наоѓала во правец на десното рамо на поранешниот претседател за време на митингот, а репортерите на Си-ен-ен забележале големи полициски сили во неа.

Во пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија убиен е еден посетител, како и напаѓачот, а републиканскиот кандидат за претседател на САД се чувствува добро и е префрлен во медицинска установа, од каде што изјави дека му бил пробиен горниот дел од десното уво.

Томас Метју Крукс (22) е идентификуван како напаѓачот кој се обидел да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Се појави и видео од моментот кога атентаторот го застрела Трамп. На видеото се гледа како Метју Крукс лежи на покривот со оружјето. Можете исто така да слушнете врисоци и паника што започнува веднаш по истрелите.

Се појави сведок на атентатот на Трамп, извесен Грег, кој за Би-Би-Си изјави дека се обидел да ги предупреди обезбедувањето за атентаторот што го видел на покривот, но дека никој не реагирал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons