(ВИДЕО) Иран се обиде да го убие претседателот Доналд Трамп
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вечерва ја соопшти веста за успешната операција на американските сили во која е убиен клучниот ирански функционер одговорен за заговорот против претседателот Доналд Трамп. Според Хегсет, убиениот ја предводел единицата директно поврзана со планот за атентат врз Трамп.
„Иран се обиде да го убие претседателот Трамп, но претседателот Трамп се смееше последен“, порача Хегсет од Пентагон. Иако идентитетот на убиениот не беше откриен, потврдено е дека операцијата била изведена во вторник со хируршка прецизност. Оваа ликвидација доаѓа по долгогодишните обвинувања од Министерството за правда на САД за заговор нарачан од Иранската револуционерна гарда.



