Актуелно

ВИДЕО: Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд 

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, денеска беше спроведен пред суд со лисици на рацете, што може да се види од видеото што го објави ТВ Алфа.

Стефанов е осомничен во случајот „Адитив“ во кој се вклучени 23 лица, од кои голем дел поранешни функционери на ЕСМ,односно на РЕК Битола и РЕК ОСломеј.

Стефанов се врати во земјата од странство по објавувањето на информацијата и беше спроведен на граничниот премин Табановце.

Неговиот претходник во ЕСМ, Васко Ковачевски, е недостапен за органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons