Свет

(Видео) ДАЛИ ЗАПОЧНА?! Пукање на Северот на Косово, неофицијално косовската полиција завзема полициска станица! 

Инфомакс: Масовно на српските телеграм канали се споделува снимка за која се тврди дека е снимена на Северот на Косово во месноста наречена „Зубин Поток“. Снимката е заматена од безбедносни причини, но на истата се слушаат рафали и пресметка со огнено оружје како и поголем број експлозии.

Според неофицијални податоци косовската полиција во моментов се обидува да завземе локална полициска станица и е во пресметка со локалното население.

Србите од северот на Косово 16-ти ден се на барикадите. Тие велат дека ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните полициски сили ќе бидат повлечени од северот на земјата.

Превземено и видео на infomax.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons