(ВИДЕО) ВИСТИНСКА БОМБА ЕКСПЛОДИРА ВО СУД – ИМА И ЗАГИНАТИ: Триесет и деветгодишник загина на влезот на Основниот суд во Подгорица
Од Полициската управа неофицијално ја соопштија веста дека во Основниот суд во Подгорица дошло до експлозија.
Триесет и деветгодишниот М.Б е убиен откако активирал рачна бомба на влезот на Основниот суд во Подгорица, неофицијално дознава „Вијести“. Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко.