ВИДЕО: Бугарски пратеници се степаа по одлуката за преминување од националната валута лев во евро
За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа.
Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание.
За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа.
https://x.com/europe9focus/status/1930341222960509051?s=46
„Денеска е црн ден за Бугарија, јаничарите ја закопуваат нашата земја“, рече Костадинов.
Фотографиите објавени од бугарски медиуми покажуваат дека имало физичка пресметка меѓу двајца пратеници.
Парламентарната група на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ поднесе предлог за отстранување на Цончо Ганев од партијата Обнова од функцијата заменик-претседател на Народното собрание. Ова го објави пратеникот на коалицијата Даниел Лорер на социјалните мрежи.
Причината е откако денеска тензијата ескалираше во пленарната сала кога Ганев го удри пратеникот Јавор Божанков од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.
Поддржувачите на бугарската национална валута протестираат пред зградата на Народното собрание од утрово, а Костадинов ги повика демонстрантите да го блокираат парламентот.