МакедонијаНајново

Вештачката интелигенција влезе во кампањата во Македонија 

Со слогани, пораки, видеа на социјалните мрежи, партиите со помош на АИ „ловат“ гласачи. Аналитичарите оценуваат дека и покрај современите алатки, слоганите се стерилни и неинвентивни

Го прашавме ЧетГПТ дали вештачката интелигенција се употребува во изборните кампањи. Какви се искуствата и во кои земји се употребува. Дали се користи за креирање слогани, пораки на социјалните мрежи, за спотови? Дали вештачката интелигенција се користи и во кампањата за локалните избори во Македонија?

„Супер прашање — кратко и јасно: да, вештачката интелигенција (ВИ) веќе се користи во изборни кампањи низ светот, но интензитетот и начините на употреба варираат по земји. Најчесто се користи за автоматско генерирање текстови и визуелни содржини, персонализирани пораки, автоматизирани чат-ботови, таргетирање/микротаргетирање на гласачи, и (во некои случаи) манипулативни техники како deepfake видеа и аудио“, е одговорот којшто го добивме од популарната алатка.

Нејзиното пребарување по интернет архивата покажа дека во САД и во Западна Европа партиски тимови и независни оператори користеле генеративен ВИ за реклами, текстови, мемиња и автоматизација на пораки, но имало и загриженост за deepfakes и микро-таргетирање. Во Индија, пак, изборни регулатори и медиуми веќе се занимаваат со прашања за означување/етикетирање на ВИ-генерирана политичка содржина. Позитивната работа е што со ВИ се заштедуваат време и пари, но постои опасност од ширење дезинформации и регулаторни/етички проблеми (приватност, недостиг од транспарентност). Многу граѓански организации и регулатори веќе бараат правила за означување/откривање на AI-генериран политички материјал.

Според ЧатГПТ, нема „јасен доказ за масовна/официјална употреба на ВИ во кампањите во македонските локални избори 2025“. „Сепак важно е да се напомене – малите тимови или поединци (консултанти, агенции, млади активисти) може да користат ВИ алатки без тоа да биде широко пријавено. Овие ситни употреби често не се детектираат од медиумите“, посочува алатката во нејзината анализа.

Извор: Дојче веле

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons