Вечерва уапсени се 13 лица за трагедијата во Кочани – ова се дел од уапсените началници и полицајци
Според неофицијални информации, приведени се 13 лица, а меѓу нив се најдоа и началници и полициски службеници кои вечерта кога се случи трагедијата биле на работа.
Нови апсења денеска во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а близу 200 беа повредени.
Според неофицијални информации, приведени се 13 лица, а меѓу нив се најдоа и началници и полициски службеници кои вечерта кога се случи трагедијата биле на работа.
Меѓу приведените е и началник на крим полиција, сменоводител, началник на ОВР Кочани, началник на економски криминал при ПС Кочани и полицаец кој ноќта бил дежурен.
Повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.