МакедонијаНајново

Вајц: Усвоен е првиот извештај за напредок на Македонија во ЕП 

– Денес го усвоивме првиот извештај за Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство, изјави Вајц. Во документот постојат неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Сега останува Извештајот да биде одобрен на пленарно заседание на Европскиот парламент. Следното пленарно заседание на ЕП е закажано за од 7 до 10 јули во Стразбур.

Денес Европскиот парламент во Комитетот за надворешни работи со широко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија. Предлогот беше донесен од европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц.

Тој во својата изјава кажуваа дека е горд на упорната работа и одржување на добриот моментум.

– Денес го усвоивме првиот извештај за Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување, изјави Вајц

Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваа со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

Во Извештајот на Вајц се нагласува потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се посочува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. Се повикува на брз напредок во преговорите за членство во ЕУ и спроведување на уставните измени. Во документот постојат неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Сега останува Извештајот да биде одобрен на пленарно заседание на Европскиот парламент. Следното пленарно заседание на ЕП е закажано за од 7 до 10 јули во Стразбур.

По гласањето, бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложи додавање на „мислење на малцинството“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons