Свет

Ватикан со помош на ВИ воведува превод на 60 јазици во базиликата „Свети Петар“

Ватикан најави нова услуга што почнува следната недела, која ќе им овозможи на верниците и посетителите на базиликата „Свети Петар“ да ја следат мисата на своите телефони, со аудио и текстуален превод на 60 јазици со помош на вештачка интелигенција (ВИ).

Преводот во реално време ќе биде достапен преку Кју-ар кодови поставени на влезовите, овозможувајќи лесен пристап без потреба од инсталирање апликации, објави Ватикан њуз.

Технологијата за превод ја користите „Лара“, модел развиен во соработка со компанијата Транслејтед и Карнеги-АИ ЛЛЦ, со цел да се обезбедат точни, но не целосно „стилски дотерани“ преводи.

Кардиналот Мауро Гамбети истакна дека системот ќе им овозможи на верниците подобро да ги разберат зборовите од литургијата, што е особено важно за оние кои зборуваат јазици што не се меѓу официјалните јазици на Црквата.

Сепак, како и со секој систем базиран на вештачка интелигенција, постои ризик од грешки, двосмислености и „измислици“ на системот, што предизвика загриженост.

Компанијата нагласи дека моделот е дизајниран за точност, но без гаранција за совршенство.

Ватикан повикува на „етички пристап“ кон вештачката интелигенција. Во претходните години, Ватикан промовираше иницијативи за етички упатства во развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на човечкото достоинство и одговорност. Како што објави Ватикан њуз, сега, покрај тоа што ја „гледаат“ базиликата, верниците можат и да ја „разберат“ литургијата на својот јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons