Вардар каде што му е местото: Остана во елитата!
Најтрофејниот македонски клуб и следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига откако во бараж пресметката за опстанок во елитата на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица триумфираше со 2-0 против најпријатното сезонско изненадување во Втората лига, екипата на Детонит Плачковица од Радовиш.
Вардар беше подобар од Детонит таман толку за два гола постигнати низ последните пет минути игра од првото полувреме кога беше решен победникот. Радовишани пружија навистина квалитетен одбор покажувајќи дека сосема заслужено беа на врвот во второлигашката конкуренција, но немаа сила да ги спречат „вардарци“ во својата цел.
А победата „црвено-црните“ ја освоија најпрво со голот на Дејан Ѓуриќ во 42. минута, а потоа стрелаше и Лука Сушњара во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме за водство и од 2-0, што се покажа како сосема доволно за конечна победа.Вардар имаше доминација во текот на целиот прв дел од мечот, но не успеа да реализира се до финишот.