Спорт

Вардар го прегази Сесвете во Хрватска и се пласира во топ 16 фазата

Во петтиот натпревар Вардар дојде до четвртата победа во ЕХФ Европската лига откако со 38-24 го победи Севете на негов терен, со овој триумф вардарци на коло пред крајот изборија пласман во следната рунда.

Победата на Вардар во ниту еден момент не беше доведена во прашање, натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Вардар го доби со неверојатни 23-12. Во вториот дел се одигра само рутински за да се дојде до победата од 38-24.

Најефикасен беше Урош Митровиќ со седум голови, Јанковски постигна шест, Малус пет. На голот фантастичен беше Влах со 11 одбрани.

Во последното коло од групната фаза Вардар е е домаќин на Тулуз, тоа ќе биде натпревар без резултатско значење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons