Вардар го победи Пелистер во дерби со голема борба, тензии и навивачки инциденти
Вардар го победи Пелистер со 31-28 во големото дерби од ракометната Суперлига, црвено-црните го продолжија перфектниот од во новата сезона со петта победа од исто толку натпревари.
Во салата „Јане Сандански“ имаше фантастична атмосфера, но сериозни инциденти направија битолски навивачи „Чкемабари“ кои фрлаа факели кон неутралната публика. Тие не го дочекаа крајот, беа избркани од полицијата.
Што се однесува до натпреварот Вардар водеше во целиот тек, а Пелистер постојано го бркаше резултатот, беше блиску до не успеваше и да го сврти количникот.
Во 12. минута Вуко Борозан доби црвен картон поради груб старт врз Филип Кузмановски. Вардар остана без важен играч.
Првото полувреме Вардар го доби со 16-14, во вториот дел домаќините на крилјата на публиката ја одбранија позитивата, додадоа и уште еден гол плус и победија со 31-28.
Најефикасни кај Вардар беа Малус, Тузолона и Боно со по шест голови, по три реализираа Талески и Јанкоски, Валач имаше девет одбрани. Кај Пелистер Манасков постигна девет голови, Кузмановски пет.
По пет одиграни кола Вардар е прв со максимални 10 бодови, Алкалоид и Бутел имаат по осум, Пелистер и Охрид по седум бода.