Спорт

Вардар ги дозна потенцијалните ривали за третото коло: Може да се сретне со: Партизан, АЕК, АЗ Алкмар, Хајдук… 

Црвено-црните успешно ја завршија првата задача во квалификациите за Конференциската лига, совладувајќи ја екипата на Ла Фиорита, со што обезбедија пласман во следната рунда.

Следен противник на македонскиот претставник е швајцарскиот прволигаш Лозана, кој важи за апсолутен фаворит во дуелот. Сепак, фудбалот знае да изненади, а ако Вардар успее да приреди изненадување и да се избори за пласман понатаму, веќе се знаат можните имиња со кои би можел да се сретне.

Во евентуалното трето квалификациско коло, Вардар би бил во групата на неносители, што значи дека потенцијални противници би можеле да бидат некои од најзвучните имиња во оваа фаза како холандскиот АЗ Алкмар, чешката Спарта Прага, српскиот Партизан, грчкиот АЕК Атина или пак Хајдук од Сплит.

Ждрепката за третото коло е закажана за 21 јули од 14 часот.

Фото: Screenshot

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons