Бурано – италијански остров прогласен за најшарената дестинација во светот
Креативното студио „Берлу“ спроведе анализа за тоа колку всушност се шарени 125-те најпопуларни туристички дестинации во светот. Како го направија тоа?
Всушност, тие ставаија фотографии со висока резолуција направени од улични фотографи преку технологија на компјутерска визија, со цел да се идентификуваат петте најзастапени бои на секоја од локациите, пишува „Тајм аут“.
Од оваа анализа, создадени се 625 палети на бои, а потоа е оценета „хроматската разновидност“ и „интензитетот на живоста“ на секоја дестинација. Накратко, постои одредена научна основа зад овие резултати (иако не е сосема јасно што точно значи сето тоа). Резултатот е заслепувачка листа на најспектакуларните шарени места во светот, рангирани според вкупниот резултат.

На прво место се најде Бурано, остров кој е дел од Венеција, каде што речиси сите улици се покриени со нијанси на сина, црвена, зелена и жолта боја – од фасади и рамки за прозорци до врати и капаци. Затоа е омилено еднодневно патување од Венеција за многумина.
Шефшауен во Мароко е на второ место, а Гватапе во Колумбија е на трето. Ова е листата на топ 10 најспектакуларните шарени дестинации во светот.

Најшарените дестинации во светот:
– Бурано, Италија
– Шефшауен, Мароко
– Гуатапе, Колумбија
– Виљемстад, Курасао
– Хавана, Куба
– Чинкве Тере, Италија
– Буенос Аирес (Ла Бока), Аргентина
– Џодпур, Индија
– Сан Хуан, Порторико
– Истанбул (Балат), Турција