Спорт

Бронза за Андреас Трајковски во скок во далечина на Балканијадата во Волос 

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканијадата за сениори во Волос, Грција.

Уште еден голем успех за Трајковски, со што ја потврдува одличната форма која ја има оваа сезона.

Нашиот натпреварувач во силна конкуренција се најде на победничкиот подиум по скокот од 7 метри и 77 сантиметри остварен во последната серија.

Златниот медал му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција, актуелен Олимписки, Светски и Европски првак, со скок од 8 метри и 7 сантиметри, додека сребрениот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија, актуелен Европски првак во сала, со скок од 7 метри и 90 сантиметри.

– Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно и 8 метри – стои во изјавата на Трајковски за АК Работнички.

Да потсетиме оваа година Трајковски беше финалист на Европското првенство во сала во скок во далечина каде го освои осмото место во Апелдорн (Холандија), а пред еден месец беше првопласиран на Европското екипно првенство во Марибор, Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons