МакедонијаНајново

Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот 

Брзото возење главна причина за сообраќајни несреќи на Југоистокот од државата. Ова го покажува статистиката на СВР Струмица за првата половина од оваа година. Како сериозна причина и понатаму се наведува и алкохолот, но за разлика од лани годинава во овој дел има 16 несреќи помалку.

Статистиката  за периодот јануари, јуни 2024 покажуваат намалување кога е во прашање и вкупниот број на несреќи со загинати и повредени лица.

Со цел подигање на јавната свест за безбедноста во сообраќајот на патишта, од СВР Струмица информираат дека во континуитет реализираат серија превентивни активности.

Во исто време потсетуваат дека освен превентивно, полициските службеници и во иднина ќе делуваат и репресивно за сите што учествуваат во сообраќајот без да ги почитуваат правилата и прописите и на тој начин ја загрозуваат безбедноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons