Брак поништен во Холандија поради завети напишани од ЧетГПТ
Бракот на еден холандски пар беше поништен откако лицето кое ја водеше церемонијата употреби говор генериран преку ЧетГПТ кој беше наменет да биде разигран, но не ги исполнуваше законските барања, според судска одлука објавена претходната недела.
Парот од градот Зволе, чии имиња беа отстранети од одлуката од 5 јануари според холандските правила за приватност, тврдат дека имаат намера да се венчаат без оглед на тоа дали биле употребени точните зборови кога ги дале своите завети.
Според одлуката, лицето кое ја водело нивната церемонија на 19 април прашало дали тие „ќе продолжат да се поддржуваат меѓусебно, да се задеваат и да се прегрнуваат, дури и кога животот ќе стане тежок“.
Тие одговориле потврдно.
Потоа, матичарот ги прогласил „не само за сопруг и сопруга, туку пред сè за тим, луда двојка, љубов и дом еден на друг“, објавија агенциите.
Но, судијата утврдил дека тие всушност не се заколнале дека ќе ги исполнат своите брачни должности – нешто што го бара холандскиот закон.
„Судот разбира дека датумот на венчалниот извод е важен за мажот и жената, но не може да го игнорира она што го вели законот“, изјави судијата.
Тој наредил бракот да биде избришан од градскиот регистар на Зволе.



