Магазин

Ботокс во само една чаша: Ги топи мастите, ја подмладува кожата и ги отстранува брчките 

Овој пијалак за многу кратко време стана вирален, бидејќи голем број жени потврдија дека по редовното консумирање забележале дека кожата им е поубава и дека воедно и побрзо ослабнале.

Сигурни сме дека знаете дека она што го внесувате во своето тело е многу важно за убав и свеж тен и спречување на брчки.

Затоа и не е чудно што еден пијалак стана вирален речиси преку ноќ, а многу жени потврдија дека забележуваат воочлива разлика кога се во прашање и лицето и телото.

Состојки:

– 2 излупени портокали

– 4 до 6 моркови

– 3 см исечен ѓумбир

– 1/3 чаша вода

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во соковник, а потоа процедете. Ако немате ладна преса, добиената смеса можете да ја процедите преку газа или чиста памучна крпа. Се консумира еднаш дневно и идеално е пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“. Ако комбинацијата на состојките е силна за вас, најдобро е да започнете трипати неделно, па постепено да зголемувате и за еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото, пишува „Крстарица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons