МакедонијаНајново

Боки 13 си ги бара чантите и чевлите

Бојан Јовановски-Боки 13, преку писмо до медиумите си ги бара чантите и чевлите што му биле одземено поради случајот „Рекет“ порачувајќи дека лежи во затвор за нешто што за се тврди дека го стекнал, а никој не проценил колку вреди. Станува збор за брендирана облека и предмети што му беа одземени бидејќи преку нив перел пари.

„Во текот на судењето за никогаш недокажаниот случај ’Рекет‘ многупати јас и мојот бранител Сашко Дукоски, адвокат од Скопје, истакнувавме барање за вештачење на одземената гардероба, чевли, чанти, накит, очила, часовници, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење, истото тоа го наведовме и пред Апелацискиот суд во жалбената постапка, за истото тоа пишувавме и пред Врховниот суд во барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, но сè беше залудно бидејќи наредбата да бидам осуден (без докази и без законито спроведена постапка) беше посилна од законот и правото!!!“, пишува Јовановски во писмото.

Тој е сигурен дека неговата облека е украдена и ја носи некој друг, па сега и не може да има вештачење.

„Направете го што побрзо, иако однапред знам дека давате само голи соопштенија, а дека вештачење и процена никогаш нема да направите бидејќи не ви одговара, бидејќи веќе и немате што да вештачите. Дотолку повеќе што главната поента зошто молчите  е токму тоа што одземената гардероба и друга брендирана стока е дрско испокрадена и заменета со други парчиња слични на одземената брендирана стока! Само си се прашувам: чии ли нечисти раце ми ги носат чантите? Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите? Чии ли проклети очи ги скриваат моите очила? И кој ли си го мери времето до зад решетки со моите часовници?!“,пишува Јовановски.

Тој во писмото најмногу обвинувања изнесува кон поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, велејќи дека таа била должна како доказ да достави вештачење со точна процена и утврдена вредност на тоа што му било запленето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons