Македонија

Боки 13 повторно заврши во болница 

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 e задржан во болница, а здравјето му е влошено, тврди неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. 

Тој дека влошувањето на здравствената состојба на Јовановски е поради тоа што во затворот нема елементарни услови за примена на неопходниот здравствен третман за Јовановски .

„Во лекарскиот извештај на специјалисти од областа е наведено дека ваквото влошување на здравствената состојба е резултат на неспроведувањето на терапијата и медицинскиот третман кај пациентот. На ден 31.10 2022 година ваквата состојба е констатирана и од стручниот колегиум на клиниката за гастрологија“, вели адвокатот Туфегџиќ.

Адвокатот минатата недела поднесе барање до директорот на Управата за извршување санкции да дозволи 30 дневен прекин на издржување на казната за Јовановски поради потреба од  болничко лекување. Неодамна три лица го нападнаа Јовановски во затворот, по што тој заврши во болница.  Јовановски е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons