Боки 13 најави дека утре ќе објави скандал
Бојан Јовановски најавува дека утре ќе објави скандал за наводен фалсификат сторен од Кривичниот суд.
„Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекари Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази“, се вели во соопштението испратено од правниот тим на Јовановски.