Богатите шеици од Катар сакаат да го продадат ПСЖ
Инвестицискиот фонд од Доха на чело со емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани сака да се повлече од францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен.
Ал Тани е отворен за продажба на поголемиот дел од акциите на клубот во случај на добра понуда, со тоа што изрази загриженост дека брендот ПСЖ избледел во Катар по завршувањето на Светското првенство во таа земја во 2022 година, пишува „Л`Екип“.
Катарците повеќе не го гледаат клубот од Париз како приоритет, дури и ако не успеаја да го купат Манчестер јунајтед.
Истиот извор наведува дека им е доста од преплатените фудбалски ѕвезди и нивните ставови за бројни теми, со оглед на тоа низ што поминале, најмногу со Килијан Мбапе, кој на крајот на слободен трансфер заврши во Реал Мадрид.