Благодатниот оган од Ерусалим ќе пристигне во вечерните часови
Во вечерните часови денеска, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим. Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.
„Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет“, соопшти Македонска православна црква – Охридска архиепископија.