Билетите за Македонија-Англија по цена 400 и 600 денари, задолжителна влезница и за деца
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Во понеделник, 13. ноември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024, информира ФФМ.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари.
-Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст, велат од ФФМ.
МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 20:45 часот)
Северна трибина
Блок 13 и 19 400 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари
Јужна трибина
Блок 1 и 6 400 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.