Спорт

БИДЕТЕ ГОРДИ НА ОВИЕ МОМЦИ Милевски вели дека Македонија беше достоен противник 

Може да бидам горд и на денешното одиграно на нашите момци кои со кренати глави може да го завршат овој циклус за пласман на СП 2022 – изјави Милевски.

Фудбалската репрезентација на Македонија немаше сила за уште една сензација откако вечерва загуби на гостувањето кај Португалија со 2-0 во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот вели дека и покрај поразот Македонија мора да биде горда на овие момци.

– Треба да сме сите горди на овие наши момци кои сиот овој период ни покажаа дека имаат сериозен потенцијал да се доближиме до самиот европски и светски врв. Може да бидам горд и на денешното одиграно на нашите момци кои со кренати глави може да го завршат овој циклус за пласман на СП 2022 – изјави Милевски.

Во врска со натпреварот, селекторот смета дека малку физички паднале по мечот со Италија…

– Мислам дека малку физички паднавме по оној успех со Италија, но сите наши момци одиграа како што се договоривме. Жалам само што имаше индивидуална грешка при првиот гол, но среќен сум што и по таа грешка момците продолжија со истиот стил на игра и се прикажаа во светло издание. А грешките се дел од фудбалот, и тоа не може да се замери. Но денешната игра може само да мотивира за понатака – заврши Милевски.

Нашата експедиција утре попладне стигнува во Скопје, па професионалците ќе се вратат на клупските обврски. Следниот репрезентативен собир е на крајот на мај, пред јунските дуели против Бугарија и Гибралтар во Лигата Ц на Лигата на нации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons